Вработените во Ватикан ризиkyваат да добијат отkaз доколку одбијат да бидат вакцинирани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вработените во Ватикан кои одбиваат да бидат вакцинирани против ковид-19, отсега ризикуваат да бидат отпуштени, е пропишано со указот на државата Ватикан, во која работат околу 5.000 луѓе, објавен денес.

Вработен кој нема докажани медицински контраиндикации и одбива да прими вакцина против коронавирус, ризикува „повеќе или помалку важни последици што можат да доведат до прекинување на работниот однос“, стои во текстот објавен на официјалната веб-страница на државата Ватикан.

Указот, кој се однесува на санкциите предвидени со законот на Ватикан од 2011 година, исто така се однесува на кандидатите за работа во Ватикан, кои можеби нема да бидат ангажирани ако одбијат да се вакцинираат, пренесува Бета.

Во текстот се споменуваат „дејствијата неопходни за да се одговори на пандемија“ и се нагласува дека „одбивањето на вакцина може да претставува ризик за другите“ и „сериозно да го зголеми ризикот за јавното здравје“.

Детално се и другите казни. Доколку се носи маската и не се почитува растојанието, може да се изречат казни од 25 до 50 евра, а предвидени се и казни до 1.500 евра за кршење на карантин. Ватикан започна бесплатно вакцинирање за сите вработени во јануари. Папата Фрањо и Емеритус Папата Бенедикт Шеснаесетти веќе се вакцинирани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This