дома Религија ВРАНИШКОВСКИ ЌЕ ОТВОРИ СВОЈА ЦРКВА: Расколникот Зоран Вранишковски и официјално ќе добие...

ВРАНИШКОВСКИ ЌЕ ОТВОРИ СВОЈА ЦРКВА: Расколникот Зоран Вранишковски и официјално ќе добие своја црква во Македонија

Големиот Совет на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, во Април 2018 год., ја одби жалбата на Владата на Р. Македонија, со што претходно донесената пресуда за регистрација на Православната Охридска Архиепископија стана правосилна, информира член на црквата на Вранишковски за порталот Експрес.

Во Ноември 2017 год., Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе пресуда дека Владата на Р. Македонија, со тоа што не ја регистрирала канонската Охридска Архиепископија, ги прекршила Членот 11 и Членот 9, т.е. ги прекршила слободата на здружување и слободата на мислата, совеста и религијата, кои била обврзана да ги почитува согласно на меѓународната Конвенција за човекови права, која ја има потпишано.

Во Февруари, 2018 год., Владата на Р. Македонија се жалела пред Големиот Совет на споменатиот суд, во однос на донесената пресуда. Според одлуката по жалбата Македонија треба да ја регистрира ПОА како формална црковна заедница.

Инаку, еден од советниците за односи со јавноста на премиерот Заев, Зоран Бојаровски, е член токму на ПОА.