Врв на лицемерието: Гренел ќе го обнoвува Генералштабот во Белград кој беше yништен во бomбардирањето на НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Ричард Гренел, изјави дека тој сè уште е насочен кон економска и политичка помош на Балканот.

Во интервју за белградски Блиц, тој истакна дека е особено ангажиран во изнаоѓање партнери кои ќе помогнат во обновата на зградата на Генералштабот во Белград, која беше сериозно оштетена во бомбардирањето на НАТО во 1999 година.

„Таа зграда ги потсетува луѓето на минатото, а не на сегашното пријателство меѓу Америка и Србија и заедничката иднина“, истакна Гренел.

Тој оцени дека Србија има место во Европа, како и дека заслужува побрз пат кон членството во ЕУ.

„Верувам дека на Србија и треба тоа, а Европејците треба да ја сакаат Србија, која е жива, модерна, голема, напредна и исполнета со вредни и убави луѓе“, рече Ричард Гренел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This