дома Временска Прогноза Временска за цела недела- особено нема да ви се допадне времето за...

Временска за цела недела- особено нема да ви се допадне времето за споениот викенд

Доколку денеска треба да излезете од дома, или пак сте на работа задолжително со себе понесете чадор, бидејќи според метеоролозите не очекува променливо облачно и нестабилно време, попладне на повеќе места во државата се очекува да има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови од земјата.

Утринските температури ќе се движат во интервал од 5 до 13 степени целзиусови. Потопли утра ќе има на југоистокот од Македонија. Исто така во овој дел од земјата според синоптичарите попладне се очекува дожд и грмотевици.

Дневните температури ќе се движат од 15 до 26 степен. А во главниот град ќе се достигнат максимални 24 степени целзиусови.

И за утрешниот ден според управата за хидро метеоролошки работи не очекува слично време, односно сончево со умерена облачност и краткотрајни врнежи од дожд и грмежи. Дневните температури за утрешниот ден се очекува да бидат за некој степен повисоки од денешните.

Во вторник ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, а преодно стабилизирање ќе настапи во среда.

Потоа во четврток и во петок во попладневните часови повторно ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, велат од Управата за хидро-метеоролошки работи на Македонија.