дома Временска Прогноза Временска прогноза: Денес врнежливо, а еве какво ќе биде до крајот на...

Временска прогноза: Денес врнежливо, а еве какво ќе биде до крајот на неделата

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено претпладне не’ очекува денес. Попладне облачноста ќе се нaмали и ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи до пет до 13 степени, а дневната од 11 до максимални 19 степени.

Во Скопје и околината ќе има слично време. Утринската температура е 9 степени, а максималната дневна 16.

Метеоролозите за вторник најавуваат променливо облачно време, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Слично време не’ очекува цела недела.