дома Временска Прогноза Временска прогноза: Денес сончево, утре облачно со пopoјни врнежи во делови од...

Временска прогноза: Денес сончево, утре облачно со пopoјни врнежи во делови од земјата

Времето денес се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност, утрото свежо, а преку ден нешто потопло. Во крајните југоисточни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен и југозападен правец. УВ=7. Температурите ќе бидат до 32 степени.

Во Скопје ремпературата ќе се искачи до 29 степен.

Во текот на утрешниот ден ќе биде променливо облачно, уште од раните утрински часови со локални врнежи од дожд, а преку денот на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи. Понестабилно со пообилен дожд и грмежи ќе биде во јужните делови од земјава, каде температурата значително ќе се намали. УВ=4. Температурите ќе се искачат до 26тиот степен.