дома Временска Прогноза ВРЕМЕ:Сончево, облачно со слаб до умерен северозападен ветер

ВРЕМЕ:Сончево, облачно со слаб до умерен северозападен ветер

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а  дневната од 23 до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умрена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени. Повремено облачност ќе се зголемува и ќе има локален краткотраен дожд, особено во среда.