дома Временска Прогноза Времето денеска: променливо облачно и постудено

Времето денеска: променливо облачно и постудено

Ќе биде променливо облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежи ќе преминуваат во снег, особено претпладне.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од минус два до шест, а дневната од еден до девет степени. Во Скопје и околината сличмно време. Утринската температура ќе биде околу четири, а дневната ќе достигне до шест степени.