дома Временска Прогноза Времето денеска сончево и релативно топло

Времето денеска сончево и релативно топло

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот во крајните западни и крајните источни делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне вдолж Повардарието на места ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 17 степени.