дома Временска Прогноза Времето денеска сончево, но посвежо

Времето денеска сончево, но посвежо

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 24 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека до вторник ќе се задржи претежно сончево време со студени утра и пораст на дневната температура. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд.