Денеска времето ќе биде умерено до значително облачно, попладне, претежно во западните делови со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 21, Крива Паланка и Охрид 16, Берово 15, Битола 17, Маврово 11, Кавадарци 20, Дојран 19 Целзиусови степени.
И за утре прогнозата е облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни (над 25 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Дневните температури утре ќе се движат од 6 степени во Маврово 11 во Охрид, 12 во Берово до 15 степени во Скопје и 16 степени во Кавадарци и Дојран,