ВРЕМЕТО ДЕНЕС:Променливо облачно со дожд и снег на планини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне и во ноќните часови со врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови.

тринската температура ќе се движи од минус пет до три степени, а дневната температура од нулата до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во ноќните часови со врнежи од дожд.

Утринската температура до нулата, а дневната температура ќе достигне до осум степени.

Утре почнувајќи од пладне ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта, особено во југоисточните и западните делови (локално над 20л/м2), каде снежната покривка на планините значително ќе се зголеми.

Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. И во првите два дена од следната недела ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на планините од снег.

Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Потоа следува период на стабилно и суво време со значителен пораст на дневната температура. /МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This