дома Временска Прогноза ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и многу топло, од утре и во наредните денови...

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и многу топло, од утре и во наредните денови нова промена!

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дyвa слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 9, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а дневната од 28 до 36 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура до 18 степени, а дневна до 36 степени.

Високите температури продолжуваат и во наредните денови, со тоа што од утре во попладневните часови ќе им локални поpoјни дождови.