дома Временска Прогноза Времето денес ќе биде променливо облачно со ветер од северен правец

Времето денес ќе биде променливо облачно со ветер од северен правец

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Ветерот наместа ќе достигнува брзина од околу 80 км/час. Локално се уште ќе има услови за слаб дожд, а на планините снег.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје слично време, повремено облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Од понеделник се очекува стабилно време со умерен северен ветер. Утринските температури во почетокот на наредната недела на места ќе бидат негативни.