дома Македонија ВРЕМЕТО СЕПАК ИМ СЕ ПОГОДИЛО: Автопатот Миладиновци-Штип се уште не е пуштен...

ВРЕМЕТО СЕПАК ИМ СЕ ПОГОДИЛО: Автопатот Миладиновци-Штип се уште не е пуштен во употреба и по половина месец од даденото ветување!

За седум работни дена, доколку нема дожд, треба да заврши поставувањето на заштитната мрежа на автопатот Миладиновци-Штип, во должина од 47 километри, изјави за МИА директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов. Од тогаш поминаа повеќе од 14 дена, што значи дупло автопатот се уште не е пуштен во употреба, односно Китанов и Сугаревски не го исполнија своето ветување.

Според наводите на Китанов, автопат не се пушта во потреба наводно поради непocтавената зaштитнa мрежа во должина од 30 километри на потегот од Свети Николе кон Миладиновци, според образложението од ЈПДП, пред околу два месеца го одлooжи пуштањето во употреба на автопатот со кој треба да се скрати патувањето од Скопје до Штип за околу 30 минути. Но од екслузивните фотографии до кој дојде Инфомакс се гледа дека се работи и на други техникалии на автопатот.