дома Политика ВРИЕ ВО БЕСА: Се почувствувале запоставени кога дознале дека Адеми си ја...

ВРИЕ ВО БЕСА: Се почувствувале запоставени кога дознале дека Адеми си ја вработил сестрата во ЕЛЕМ

Врие во Беса Гпстивар откако членовите дознале дека министерот за култура Асаф Адеми ја вработил својата сестра во Електрани на Македонија, објави Тeтовасот.

Активисти на коалицискиот партнер на СДСМ, матичната партија на Адеми – Беса, се почувствувале запоставени поради непотистичките апетити на министерот за култура, но и на други функционери на партијата.

Тетовасот открива и дека општинскиот советник од редовите на Беса Телат Фетаи ја вработил сопругата општина Гостивар а Емерли Асани, член на Централниот совет на Беса, својата сопруга, пак ја здомил во Домот на културата во Гостивар.