дома Социјални Мрежи ВРИЈАТ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: За овој идентитет ли се боревте? Буди се народе...

ВРИЈАТ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: За овој идентитет ли се боревте? Буди се народе Македонски, буди се Македонијо почнаа да ми те бришат од секаде!

Вријат социјалните мрежи со реакции, откако попладнево на почетниот натпревар на евро-квалификациите Македонските ракометари загубија од репрезентацијата на Грција во салата во Кожани

За поразот да биде дотолку поболен, некаде на средина на првото полувреме, беше променета и ознаката на бодовната табла од „МКД“ во „ФЈР“, а на дресовите на играчите не беше испишано името на репрезентацијата – Македонија – бидејќи грчката ракометна репрезентација се заканила дека нема да настапи доколку во салата во Кожани има испишано „Македонија“.

Реагираше Игор Дурловски, кој на својот ФБ профил напиша:

„И јас не би се борел за држава без име!“ – напиша Дурловски.


„Вечерва ниту настапи а ниту пак изгуби Македонија. Former Yugoslav Republic – FYR се 6 републики а не беше наведена ниту една. Можда ракометарите можат да ни ја разрешат дилемата и да ни кажат чии точно дресови се нафатија да облечат?“ – пишува Китановски.

„Ова ли е идентитетот кој го зајакнавте?
Не смееме да го користиме повеќе името Македонија?
Паднавме само на бивша југословенска република?

Ова ли е шансата што не смеевме да ја пропуштиме?
Ова ли е тој историски договор кој нуди најдобри позиции за Македонија?
Ова ли е вољата на мнозинскиот македонски народ што не ја испочитувавте на референдумот?

Буди се народе Македонски, буди се Македонијо почнаа да ми те бришат од секаде!!!“ – напишаа од движењето #Бојкотирам на Фејсбук.