дома Актуелно ВРИЈАТ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Не стивнуваат реакциите за отстранувањето на споменикот на Ќосето

ВРИЈАТ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Не стивнуваат реакциите за отстранувањето на споменикот на Ќосето

Фото: Фокус.мк

Не стивнуваат реакциите по отстранувањето на споменикот на Андон Ќосето во Скопје.

Фото: Фокус.мк

Во три часот наутро, на шверцерски начин, споменикот беше отстранет.

Граѓаните на социјалните мрежи го коментираат овој чекор на градските власти.

„Сакате да си играме рушење, ајде повелете. Владата ќе ги сруши спомениците, а ние ќе ја срушиме Владата“

„Македонскиот споменик на Ќосето срушен, ајде да ве видам рушете ги на УЧК низ Македонија“

„Со рушење на споменици, не можете да ја избришете колективната свест на Македонците“

„Затвораме детски болнички оддели, рушиме споменици, менуваме имиња на патишта, воведуваме данок на физички лица, оставаме деца да бидат силувани, поддржуваме продукција на УЧК песни. Ме радуваат меркиве на Владата. Токму во центарот на приоритетите“

„Се плашевте од споменикот на Ќосето, сега мир ќе немате од сенката на Ќосето“