дома Македонија ВРХОВНИОТ СУД ЌЕ ГИ РАЗГЛЕДУВА ЖАЛБИТЕ: Можна слобода за преостанатите притворени во...

ВРХОВНИОТ СУД ЌЕ ГИ РАЗГЛЕДУВА ЖАЛБИТЕ: Можна слобода за преостанатите притворени во врска со 27.април

Кривичниот совет на Врховниот суд на јавни седници ќе ги разгледува жалбите за притворите на осомничените од настаните на 27 април. Во притвор останаа пратениците Kрсто Mукоски и Сашо Василевски, поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и уште неколкумина.

 

Пратениците Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски се во домашен притвор.

Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција соопштија дека истрагата за случувањата во Собранието лани завршила и дека течат законските рокови во кои осомничените и одбраната можат да ги прегледуваат списите и доказите.

Во притвор сеуште се и неколку претседатели и активисти на граѓански здруженија, луѓе кои случајно се нашле на местото на настанот и вработени во Собранието.