Врховниот суд на Венецуела, му забрани на лидерот на опозицијата да ја напушти земјата и му ги блокираше сметките, соопшти претседателот на судот, Маикел Морено на својот твитер.
https://twitter.com/MaikelMorenoTSJ/status/1090391169039781888
Државниот обвинител го поднесе барањето откако Вашингтон ги блокираше сметките на државната нафтена компанија ПДВСА, а потоа му ги отстапи на управување на Гваидо.
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро во интервју за Спутник изјавил дека нема активен налог за апсење на лидерот на опозицијата Хуан Гваидо. „Ќе го почекаме исходот од утрешната уставна и судска постапка, не сакаме да брзаме“, рекол тој.
„Како претседател на државата мислам дека со промовирање на дpжaвeн удар се крши уставот. Државниот обвинител треба покрене иницијатива и ја покрена, па да настапи судството. Она што ќе биде одлучено ќе биде и извршено.“, истакна претседателот.