Врховниот cyд нареди да се одвојат гласовите што пристигнале по пошта во Пенсилванија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сyдијата на Врховниот суд на САД, Самјуел Алто им нареди на изборните комисии во Пенсилванија да ги одвојат гласовите што пристигнале по пошта.

Алто привремено го одобри барањето на Републиканската партија во кое се бара cyдска нaредба до сите 67 изборни комисии во Пенсилванија да ги освојат гласачките ливчиња за претседателските избори пристигнати по пошта по изборниот ден, 3 ноември.

Уште во пет сојузни држави – Пенсилванија, Џорџија, Невада, Аризона и Северна Каролина не се објавени резултатите од претседателските избори.

Во најголемата американска сојузна држава Пенсилванија се зголемува предноста на Бајден, каде од околу 96 проценти од преброените гласови, демократскиот кандидат има околу 28.800 гласови повеќе од Трамп или 0,5 проценти.

Во Џорџија од 99 преброени гласови, Бајден има речси 4.400 гласови повеќе од Трамп. Демокртаксиот кандидат постепено ја зголемува предноста и во Невада, каде има над 22.600 гласови, или 1,8 проценти повеќе од Трамп.

Американскиот претседател има предност во Аризона од околу 29.900 гласа, но треба да се пребројат уште 173.000 гласачки ливчиња.

Трамп исто така води со повеќе од 75.000 гласа или 1,6 проценти во Северна Каролина, каде се изброени 98 гласачки ливчиња.

Досега Бајден има 253 електорски гласови, а Трамп – 213. За влез во Белата куќа, еден од двајцата кандидати треба да освои најмалку 270 електорски гласови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This