Вселенскиот интернет на Илон Маск има над 100.000 корисници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основачот на SpaceX, Илон Маск, на Twitter се пофали со зголемување на бројот на корисници на нрговиот вселенски интернет Starlink. Услугата на нивниот вселенски интернет треба да биде достапна за сите во текот на следната година.

SpaceX досега во вселената лансираше над 1.700 сателити, а во иднина таа бројка треба да надмине 30.000. Паралелно со порастот на сателити во ниската орбита, расте и бројот на корисници. Како што се пофали Маск на Twitter, SpaceX испорачал повеќе од 100.000 терминали за Starlink, што е раст од 10.000 само во последните три недели.

Starlink не е замислен како замена за класичниот широкопојасен интернет ниту за мобилниот интернет, туку првенствено е наменет за подрачја каде што моментално нема брз интернет, како што се оддалечените и руралните региони. Со оглед на тоа дека е сателитски интернет, јасно е дека услугата нема да биде евтина и на почетокот ќе изнесува 100 долари месечно. Освен тоа, за користење на Starlink треба да ја купите и потребната опрема – сателитска антена, сталак и рутер, што е дополнителен почетен трошок.

Моментално интернетот на SpaceX е достапен во 14 земји, а компанијата побара дозцвола за нудење на својата услуга и во други земји. Тест-верзијата на интернетот стана достапна кон крајот на минатата година за ограничен број корисници, а во SpaceX се надеваат дека со зголемувањето на бројот на сателити во ниската орбита до крајот на идната година ќе биде достапна за сите на планетата.

Што се однесува на перформансите, брзината изнесува од 50 до 150 Mbps, со латенција од 20 до 40 ms. Маск неодамна изјави дека целта им е да ја задржатлатенцијата на 20 ms, додека брзината треба да се дуплира и да изнесува максимално 300 Mbps.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This