дома Балкан Втора жртва од пожарите во Албанија

Втора жртва од пожарите во Албанија

Уште едно лице го загуби животот во пожарите во Албанија, беше соопштено денеска.

Станува збор за 60-годишна жена од Џирокастро, која била примена во болница пред осум дена со изгореници на 70 проценти од површината на телото, пренесува порталот „Албанска пошта“.

Пред една недела, нејзиниот 65-годишен сопруг загина во пожар додека се обидуваше да го изгасне огнот.

Пожари се случуваат во Албанија речиси две недели, а најкритично беше во областа Кукс.