дома Социјални Мрежи ВТОР ДЕЛ: Се pacтypa cпeцијaлната eдиницa „Волци“ поради политички комбинаторики

ВТОР ДЕЛ: Се pacтypa cпeцијaлната eдиницa „Волци“ поради политички комбинаторики

За специјалците, втор дел Во мојот претходен статус на оваа тема, истакнав дека трансформацијата на специјалните единици на Армијата на Република Македонија е лошо замислена и не треба да се одвива на начинот како што е планирана. Пред отприлика шест месеци, во неколку наврати, најпрво со делегација предводена од Заменикот Командант на НАТО Штабот за специјални операции, бригадниот генерал Робин Стефенсон, а месец дена потоа и со Командантот на НАТО Штабот за специјални операции вице-адмиралот Колин Килрајн, одржани се експертски средби со цел да се дадат насоки за идниот развој на специјалните сили на АРМ и е разговарано за трансформацијата и интеграцијата на специјалните сили на Армијата по нашето членство во Алијансата, како и понатамошниот развој и можности за соработка.

На овие средби се донесени заклучоци дека е потребна трансформација на Полкот за специјални операции, со цел подобро организирање на сегашната структура на стратешко, оперативно и тактичко ниво, но никаде во овие разговори не се зборувало за гаснење на Полкот за специјални операции и разводнување на специјалните сили и досега изградените капацитети. Сепак, заради ветените политички игри и одредени концесии кон други политички структури, за Пендаровски и за Шеќеринска, најлесно решение е да се растури Полкот со цел да се вратат одредени политички долгови. Значи, не станува збор за систематски и професионален пристап кон унапредување на армиските капацитети, туку за чисти партиски и коалициони интереси и политизација на процесот. Како што веќе напишав, овој потег не само што е контра евро-атлантските заложби, бидејќи и НАТО и ЕУ ја препознааваат потребата од вложување во специјалните единици на Армијата на Република Македонија, туку и нашите партнери од НАТО имале сериозни забелешки дека соодветно на денешните безбедносни услови, специјалните сили треба да бидат ударната игла на Армијата и да ги извршуваат најкомплексните задачи.

Овие забелешки биле презентирани пред Генералштабот на Армијата и пред Министерството за одбрана, но оттаму остануваат неми на оваа тема. Наместо реакција, се молчи и немо се набљудува како под превезот на реформи се одвива молскавичното растурање на единицата, со цел да се искористи првиот бран на шок и неверица во јавноста дека најелитната единица на Армијата на Република Македонија се растура заради политички комбинаторики, пишува професорот Александар Нацев на Фејсбук.