дома Балкан Втор ден без cмртeн случај во Албанија, се затвараат ковид центрите низ...

Втор ден без cмртeн случај во Албанија, се затвараат ковид центрите низ земјата

Во Албанија продолжува намалување бројка на новозаразени со Ковид-19, а веќе втор ден не е регистриран ниту еден починат. Според министерството за здравство во последното деноноќие опасниот вирус е потврден кај 14 лица од направените 3.057 тестови, што е 0,4 отсто од тестираните. Моментно активни на болеста се 379 лица, што е најмала бројка до сега а болнички се третираат 35 пациенти.

Поради стабилната епидемиолошка состојба во земјата затворени се петте регионални ковид центар а денеска и ковид два болницата во Тирана „Шефќет Ндроќи“.

-Од денеска болницата „Шефќет Ндроќи“, која од март минатата година стана ковид два болница, се враќа во нормала за да пружа услуги како универзитетска болница за белодробни заболувања. Од оваа болница преостанатите 11-те пациенти се префрлени во инфективната клиника, рече министерката за здравство Огерта Манастирлиу, која беше во посета на болницата.

Таа му оддаде признание на здравствениот персонал за пожртвуваноста во изминатиот период во „борбата со невидливиот непријател“, додаде дека процесот на вакцинација продолжува со зацртаната динамика, што влијае во стаблизирање на состојбата и посочи дека „светлината на крајот од тунелот е повидлива од кога било“.