дома Политика ВТОР ДЕН ОД КАМПАЊАТА: Силјановска и Пендаровски на средби со граѓаните, Река...

ВТОР ДЕН ОД КАМПАЊАТА: Силјановска и Пендаровски на средби со граѓаните, Река со слободен ден!

На вториот ден од кампањата ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За заедничка Македонија денеска ќе ја претстават својата кандидатка за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова пред граѓаните на Дебарца, Струга и Ресен.

Кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, пак, ќе оствари средби со граѓани во Скопско, ќе ги посети Сопиште и Студеничани, а за попладне има закажано митинзи во Центар и Аеродром.

Претседателскиот кандидат на Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река денеска нема закажано активности.

Кампањата официјално трае од 1 до 19 април.