дома Локално Втор земјотрес утрово во Македонија – по Скопје се стресе и Охрид

Втор земјотрес утрово во Македонија – по Скопје се стресе и Охрид

Во Македонија утрово покрај земјотресот во Скопје, регистриран е уште еден земјотрес во охридското епицентрално подрачје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека земјотресот во Охрид е со Рихтерова магнитуда од 2,1. Земјотресот е со епицентар на 10 километри источно од Охрид.

Според Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот во Скопје е регистриран во 08:03 часот со епицентар на само неколку километри источно од централното градско подрачје. Земјотресот е со Рихтерова магнитуда од 2,4 и е почувствуван од населението во Скопје и околина.