дома Свет ВТОР НАПАД ОД ИРАН: Втор бран ракети истрелани кон објекти на САД...

ВТОР НАПАД ОД ИРАН: Втор бран ракети истрелани кон објекти на САД во Ирак

Иран лансираше уште еден бараж на ракети врз бројни објекти на Американската армија во Ирак, според неофицијалната новинска агенција „Тасним“

Фото – Илустрација

Новиот бран на балистички ракети следи еден час по првичниот напад врз базата „Ал-Асад“ во Ирак во која се сместени американски трупи и припадници на коалициските сили на САД.

„Пред неколку минути (3.30 ам по локално време) втор бран на Ирански балистички ракети врз бази на САД се лансирани“, велат од новинската агенција „Тасним“.

Пентагон претходно го потврди првиот напад врз базата Ал-Асад која се наоѓа на западот на Ирак во која се сместени американски трупи. Од Пентагон велат дека се прави естимација на ситуацијата, по што ќе одговорат соодветно.

Медиумите во регионот стравуваат дека Иран би можеле да истрелаат ракети врз базата Инџирлик во Турција во која се наоѓа и нуклеарно оружје на САД.