дома Хроника Втop гpaбeж нa oбjeкт зa игpи нa cpeќa зa пoмaлкy oд 48...

Втop гpaбeж нa oбjeкт зa игpи нa cpeќa зa пoмaлкy oд 48 чaca вo Тетовско

Рано утринава околу 6 часот и 50 минути во тетовската полиција било пријавено дека се одземени пари од казино во Тетово. Во неделата во Теарце беше ограбена спортска обложувалница.

-Пријавено е дека едно лице со закана со остар предмет одзело пари од казино во Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, инфомираат од тетовската полиција.

Во неделата во 22.30 часот беше пријавено дека две лица, со закана со оружје од спортска обложувалница во тетовско Теарце одзеле пари.