Втop пpoтecт нa житeлитe нa Горно Седларце: Дeнecкa дeлyмнo блoкиpaн и aвтoпaтoт кaj тeтoвcкaтa пaтapинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стотина жители на тетовското село Горно Седларце вторпат денеска протестираа на автопатот Тетово-Гостивар барајќи за нив да има пониска цена за плаќање на патарина. Денеска тие ја делумно ја блокира патарината од Тетово кон Гостивар, па полицијата го пренасочуваше сообраќајот.

-Добивме одговор од јавното претријатие дека не може да бидеме ослободени од патарина и дека тоа важи само за службени возила и одредени институции, како полиција, брза помош и делегеции. Спремаме уште едно барање да пратиме до агенцијата. Ние бараме решение за нашето село, законски ние треба да плаќаме  6 до 8 денари за користењето на тие 3,5 километри што ги користиме, со месечни или годишни билети, изјави изјави Јусуф Беќири, претставник на селото.

Тие барале од градоначалникот на Општина Боговиње да реализира идејата за алтернативен пат од Горно Седларце до Тетово.

– За таков пат проблемот е во тоа што дел од патот би минувал низ Општина Боговиње и дел на подрачје што е на Општина Тетово. Градоначалникот не прими и рече дека може да се најде решение ама за брзо време не е сигурен дека може да се направи, рече Јусуф Беќири. Мештаните истакнаа дека ќе продолжат со јавно изразување на револт и блокирање на сообраќајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This