Вулин: Доживотната kaзна на Младиќ е одмaздa, како може да е виновен што се бpaнеше, а Насер Ориќ да не е винoвeн а зakлaните српски цивили во Подриње

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доживотната казна на Ратко Младиќ, која беше потврдена денес во Хаг, е одмазда, а не пресуда, оцени министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин.

„Младиќ е виновен, затоа што одговори на злосторствата на Насер Ориќ, но Насер Ориќ не е виновен за закланите српски цивили во Подриње. Младиќ е виновен, затоа што тој командуваше со армијата на Србите во српските села околу Сараево, каде што се родени и израснати неговите војници, но Изетбеговиќ не е виновен, бидејќи во Сараево нема повеќе Срби, но има масовни гробници“, рече Вулин во изјава.

Проценувајќи дека Хашкиот трибунал не е основан за да бара правда и да придонесе за помирување, туку за да им суди на Србите, Вулин посочи дека судот „ја исполнил својата цел“.

Според него, судот во Хаг ги прогласил Србите за геноцидни, а дополнително ги скарал луѓето од поранешна СФРЈ.

„Секој ден од континуираното постоење на Механизмот е само начин неговите членови да продолжат да добиваат големи пари и да ги презентираат своите лаги како наша вистина. Пресудата против генералот Младиќ е пресуда против правдата“, рече министерот Вулин.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This