Вулин: Ќе останеме колку што е потребно за да им пomoгнеме на македонските граѓани во бopбата со пожapите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, изјави дека српската помош за гасењето на пожариите во Македонија ќе трае колку што е потребно за да им се помогне на македонските граѓани.

Припадниците на Секторот за вонредни состојби на МВР во моментов се ангажирани на помошта на Владата на Македонија со цел да го скротат пожарот кај нив. Четири наши хеликоптери и 16 наши членови се ангажирани таму. Ќе останеме колку што е потребно за да им помогнеме на македонските граѓани – изјави Вулин.

Тој посочи дека е многу загрижен за големиот број пожари во Пчињскиот округ во Србија, (што се граничи со Македонија) и изрази сомневање дека повеќето од нив се подметнати.

Кога за помалку од два часа имате околу 40 пожари на различни локации, тогаш мора да се загрижите и да размислите дали сето тоа има природна причина. Се разбира, има и субјективна и објективна причина – изјави Вулин и најави за утре обиколка на Пчињскиот округ за „да види што се случува“.

Српскиот министер истакна дека сите пожари во Србија се под контрола и дека граѓаните можат да бидат безбедни.

Тој апелира до сите граѓани да не предизвикуваат ненамерни пожари, да не одат во шумите со отворен пламен, да не горат стрништа и да се грижат за отпадот оставен после излетите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This