Вулнет Мурсели : Касарната во Тетово да биде градски парк и центар на заедницата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник за Општина Тетово од Алијансата за Албанците и Алтернатива Вулнет Мурсели ја презентираше изборната програма заедно со кандидатите за советници на посебна средба со новинарите од Тетово. Изборната програма 2021-2025 предвидува повеќе аспекти за подобра инфраструктура во градот со ставање акцент на потребата од повеќе зеленило во градот.
Градската касарна е едно од ретките места каде што остана зеленило, недопрено од урбаната мафија на претходното раководство. Оваа област ќе ја претвориме во градски парк и центар на заедницата која ќе служи на градот. Постојните објекти ќе се пренаменат во простор за пензонерите, младите, спортови како шах, пинг-понг, спортски академии, канцеларии, градинка и слично. Ќе се разгледа можноста за основање на некои институции, рече Вулнет Мурсели.
Дел од програмата презентираа и кандидите за советници предводени од носителот Музафер Етеми.
-Предвидено се инвестиции во инфрасктруктурата во секоја населба. стариот дел од градот, како дел од неговата изборна програма. Реставрација на стариот дел од градот, репланирање на плоштадот, нови капацитети за планирање, продолжување на неколку булевари и друго, рече Етеми.
Вечерва Вулнет Мурсели продолжува со средба со жителите од населбите Горна Чаршија, Мала Речица и Сончев Брег

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This