дома Политика Вулнет Мурсели: Уредување на дворот на ОУ „Лирија“, игралиште за деца и...

Вулнет Мурсели: Уредување на дворот на ОУ „Лирија“, игралиште за деца и инфраструктурни проекти за центарот на Тетово

Кандидатот за градоначалник на Тетово Вулнет Мурсели заедно со претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села,претседателка на Форумот на жени Вјолца Бериша, портпаролот Флакрон Беџети и други партиски функционери беше во централното тетовско подрачје.
-Ја посетивме Шарена џамија, се сретнавме со граѓани, разговаравме со нив. За централното градско подрачје во нашиот план ги имаме предвидено следните точки: регулирање на
училишниот двор „Лирија“, инвестирање во игралиште за деца, регулирање на месечната претплата за зонско паркирање за жителите на населбата; уредување паркинг за такси возила; зголемување на капацитетот за собирање отпад и слично, информира кандидатот Вулнет Мурсели.
Во ресторанот Гарден кандидатот оставри средба со активисти од младинскиот форум и на Форумот на жени при што е разговарано за многу теми.