ВУЧИЌ: Баш ми е гајле за забелешките и критиките-НЕ ДАВАМ НИКОЈ ДА ГО ГАЗИ ОБРАЗОТ НА НАРОДОТ

Поврзано

- Advertisement -
Александар Вучиќ денес изјави дека не се прекинати дипломатските односи со Франција по одлуката на Апелациониот суд да го отфрли барањето за екстрадиција на поранешниот водач на УЧК Рамуш Харадинај, но дека нема да дозволи некој да ја погазува Србија.
143100_av5_f
- Advertisement -

,,Не ги прекинуваме дипломатските односи, само Ви кажувам дека немора да одите на службен пат 90 дена во Франција“-им рече Вучиќ на новинарите.

Вучиќ ги замолил функционерите и службениците во министерствата на Србија наредните три месеци да не патуваат во Франција.

Воедно истакна дека, Владата на Србија испратила протесна нота до Франција, но дека тоа не е ништо страшно, бидејќи како што изјавува,, Србија и Хрватска минатата година размениле дваесетина протесни ноти.

Ова го правам за да го заштитам достоинството на граѓаните и државата, а тоа не е ништо страшно.

– Јасно е дека францускиот суд донесе политичка одлука , така да одлуката после тоа за да се врати нашиот амбасадор во Србија и запирањето на службените патувања во наредните три месеци во таа земја, е моја одлука- изјави тој.

Одлуката е моја и нема зошто да се обвинува Владата, а јас сум сигурен дека народот ќе ме разбере зошто така постапувам.

– Народот не гласаше за мене , да бидам Претседател на вазалска држава ниту колонија, туку ветив е стојам до тоа дека ќе го штитам образот на секој, иако бидам критикуван и од некои новинари и од Западот.Народот и државата и нивната гордост ми се најважни.

 Како што изјави, што и да направам секогаш на некоја европска земја нема да и одговара, или на некој нивни политичар:

-Воопшто не ми е грижа за реакциите на странски амбасадори или од ЕУ, јас ги штитам интересите на Србија, затоа сум избран, и затоа не ги прекинав односите со Франција, а тоа навистина имаше причина да се случи, тие што се бунат тоа ќе го направеа и за многу помала причина. Водев грижа за интересите на мојата земја, и не давам никој да го гази образот на српскиот народ и затоа сум избран за Претседател. А ќе се борам секогаш за независна, суверена и слободна Србија, и крај на приказната. Се додека евентуално не ме сруши некоја Шарена револуција, а цената е дека ќе имам чист образ и ќе ја чувам Србија се додека можам, не ми е грижа кој што ќе каже-заклучи Вучиќ.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This