дома Балкан Вучиќ: Во регионот бpyтално лaжат за бројот на заpазени

Вучиќ: Во регионот бpyтално лaжат за бројот на заpазени

Епидемиолошките податоци во Србија укажуваат на зголемување на бројот на заразени и хоспитализирани од ден на ден, а српскиот претседател Александар Вучиќ денеска рече дека некои во регионот брутално лажат за бројот на тестирани и заразени, пренесува Индекс.хр

Вечерва, Вучиќ за комерцијалната телевизија Пинк изјави дека некои земји во регионот ги лажирале бројките на новозаразени со коронавирус поради успехот на туристичката сезона, наведувајќи дека „јасно е дека добар дел од луѓето кои доаѓаат од Црна Гора, Грција и Хрватска се заразени“. Српскиот претседател не се повика на ниту еден извор или држава од каде добил таков увид.

Тој оценил дека епидемиолошката ситуација во Србија би била поповолна доколку има повеќе вакцинирани.

„Имаме лекови и болници, но би било подобро сите да бидеме вакцинирани“, рече Вучиќ.

Српските здравствени власти денеска објавија три смртни случаи поврзани со „Ковид-19“ и 792 инфекции, од 11.411 тестирани примероци.

Има 733 пациенти на болничко лекување и 17 пациенти на респиратори.

Србија досега има пријавено 4.767.198 тестирани и 727.426 регистрирани случаи на инфекција, а официјално се потврдени 7.146 смртни случаи од ковид-19.

Според најновите податоци, околу 52 проценти од возрасната популација е целосно вакцинирана.