дома Балкан ВУЧИЌ ГИ ВМЕША И КИНЕЗИТЕ ВО КОСОВСКОТО ПРАШАЊЕ: Српскиот претседател го извести...

ВУЧИЌ ГИ ВМЕША И КИНЕЗИТЕ ВО КОСОВСКОТО ПРАШАЊЕ: Српскиот претседател го извести кинескиот за ситуацијата на Косово – доби поддршка од Кина!

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ го замолиле амбасадорот на Кина Ли Манчанг на кинеското раководство да ја пренесе пораката дека Србија никогаш не била во потешка ситуација, а Манчанг возвратил дека веќе во текот на денот ќе го извести кинескиот претседател


Српскиот претседател Вучиќ и премиерката Брнабиќ во известиле амбасадорот на Кина за најновиот развој на ситуацијата, по утрешниот упад на единицата РОСА во Северна Митровица.

Вучиќ и Брнабиќ го замолиле амбасадорот да му пренесе на кинеското раководство дека Србија никогаш не била во потешка ситуација, и покрај своите постојани повици за мир и стабилност, со сериозен и одговорен пристап во решавањето на сите проблеми.

„Упадот на единицата РОСА во Северна Митровица покажува дека силите на КФОР, односно НАТО, намерно ја манипулираа јавноста и денес на сите им е јасно по чиј налог и во спрега со кој, силите на претставниците на НАТО лажеле!“, рече претседателот Вучиќ.

Амбасадорот Ли рекол дека Кина одлично разбира што се случува на Косово и дека тоа е веќе познато сценарио за напад на интегритетот на Србија.

Србија може да смета на поддршката од Кина, додаде амбасадорот.