Вучиќ: Додека сум претседател нema да го признаеме Косово, со Албанците е тешko да се разговара

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јасно стави до знаење дека, додека тој е претседател, односно најмалку до изборите во 2022 година, нема да има признавање на Косово и дека таквиот став нема да се промени.

Не знам што треба да се случи, за да тоа се промени. Дадовме се од себе. Водевме паметна политика, ја спасивме Србија од конфликт, се сочуваа животите на оние кои сакаат да останат на Косово и Метохија. Инвестиравме во нивниот опстанок, без да го загрозуваме мирот. Знам илјадници луѓе кои едвај чекаат нов конфликт и ќе најдат безброј причини за конфликт, наводно заради правда и правичност. А, ако ги прашаат дали нивниот брат или дете ќе се вратат утре во ковчегот, тогаш е поинаку. Ние водевме тешка политика, српска политика, ги штитевме националните интереси и се грижевме да не влегуваме во конфликт со целиот свет и да избегнеме каков било вооружен судир. Не затоа што сме послаби, туку затоа што не е потребно. На Србија и треба развој – изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија посочува дека е „тешко да се разговара со Албанците“.

Сè што гледате е кампања на дневно ниво против Србите, Србија и нејзиниот претседател. Србите би биле добри кога би ја признале независноста на Косово, а само еден ден подоцна би почнале барања за воена отштета, два дена подоцна „признајте дека сте извршиле геноцид“. И, тогаш гледате дека разговарате со луѓе кои не сакаат да ве убедат дека можеме да сториме нешто заедно – вели Вучиќ.

Како што вели српскиот претседател, сите меѓусебни разговори се сведуваат на меѓусебно признавање, иако 100 пати е повторено дека Вучиќ не размислува за такво нешто.

Што доби Србија? Во нивното раководство мора да има промена на свеста, потребен е притисок од ЕУ за да се исполни потпишаното. Се додека тоа не се исполни не верувам дека има некоја голема веродостојност во разговорите, во сериозноста, одговорноста и можните испораки на какви било посериозни резултати – вели Вучиќ.

На прашањето дали се плаши од зајакнување на оската Берлин-Вашингтон по победата на Џо Бајден и дали тие ќе бидат на линија: „Или признавање на Косово или ништо од ЕУ“, претседателот вели:

Тоа беше нивната линија уште од претходно и не се сомневам дека сега ќе биде поизразена. Повторно, морам да кажам дека имав многу добар разговор со претседателот (на Франција) Емануел Макрон и фер разговор со канцеларката (Ангела) Меркел. Не е лесен ден пред нас, но нема да биде прв пат – изјави Вучиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This