дома Балкан Вучиќ: Дoдeкa cyм jac претседател, нeмa дa имa пpизнaвaњe нa Косово

Вучиќ: Дoдeкa cyм jac претседател, нeмa дa имa пpизнaвaњe нa Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ уверува дека неговата земја нема да го признае Косово додека тој е на функцијата.

До април 2022 година, кога ќе бидат одржани претседателски и парламентарни избори во Србија, Белград сигурно нема да признае независност на Косово. Потоа народот одлучува, изјави тој за српската Прва ТВ.

Вучиќ се изјасни и околу можноста Србија да стане членка на НАТО, бидејќи е воено неутрална земја.

Мислам дека тоа е најдобра позиција – сами да ги чуваме својата земја, небото и својот народ и ќе продолжиме да се однесуваме така, изјави Вучиќ.