дома Балкан Вучиќ најави помош од по 100 евра за секој полнолетен жител на...

Вучиќ најави помош од по 100 евра за секој полнолетен жител на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа во телевизиско интервју ги претставил економските мерки за помош и надминување на кризата со коронавирусот.

„Имаме пари за економијата, но има и уште нешто. Размислуваме на секој полнолетен граѓанин на Србија да му доделиме помош од 100 евра. Без разлика дали е вработен, невработен, пензионер. За околу 5,2 милиона полнолетни граѓани, тоа се 520 милиони евра“, рече Вучиќ, пренесуваат српски медиуми