дома Балкан Вучиќ на средба со Путин во Пекинг

Вучиќ на средба со Путин во Пекинг

Косовското пршање било главна тема на разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот српски колега Александар Вучиќ во рамки на форумот „Појас и пат“ во Пекинг, најавија двете страни пред средбата.

Вучиќ го информирал Путин за развојот на настаните на Косово и во која насока се движи решавањето на прашањето, потенцирајќи оти „не ги разбира неверојатните потези на Приштина“, јавуваат српските медиуми.

Путин истакнал дека Русија со внимание ја следи состојбата околу Косово и додал дека Москава му дава поддршка на Белград за Косово.

На средбата биле разгледани и регионални прашања, при што Вучиќ се заблагодарил наруската поддршка за зачувувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на земјата, а исто така му покажал на Путин фотографии од изградбата на делницата „Турски тек“ низ Србија.

На средбата двјацата претседатели разговарале за воено-техничката соработка меѓу Русија и Србија.