дома Балкан Вучиќ: Не сум непријател на Албанците, туку на оние што сакаат да...

Вучиќ: Не сум непријател на Албанците, туку на оние што сакаат да ги убиваат Србите (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека не е непријател на Албанците и дека ја разбира изјавата на претседателот на косовското собрание Кадри Весељи, пренесуваат српските медиуми.

Поради Албанците сакам да кажам дека не сум непријател на Албанците. Напротив, јас сум непријател на секој кој сака да го прогонува и убива српскиот народ. Затоа ја разборам изјавата на Кадри Весељи“, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека „ќе мора да води сметка во странство како кој Албанец ќе реагира или ќе загрози нечија безбедност“. Тој истакна и дека ќе продолжи да ги штити интересите на Србија и српскиот народ.

„Тие многу би сакале да им бидат противници оние кои лесно би ги победувале, па на некој начин сум и почестен со таквата изјава“, кажа српскиот претседател.

https://www.youtube.com/watch?v=AQ8zfSQBh-I