March 28, 2024, 10:09 am

Вучиќ обвинyва: Курти денеска aпcеше Срби поради „Отворен Балкан“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја коментираше акцијата на косовската полиција во Штрпце во Тирана, во која беа уапсени 10 лица, меѓу кои и поранешниот претседател на таа општина, оценувајќи дека тоа е реакција на Приштина на самитот во рамките на „Отворен Балкан“.
На почетокот рекоа дека на северот на Косово и Метохија живеат криминалци, и водеа кампања, со дел од белградските медиуми, со години, а не со месеци, дека криминалците се од север, па рекоа дека сѐ што правеле не било против Србите, туку против криминалците“, изјави Вучиќ.
Потоа иронично забележа дека изгледа се криминалци и на југ.
„Сите тие се криминалци… отидоа во Штрпце, уапсија 10 луѓе и сите криминалци… само не знам како не најдоа друг криминалец по пат, во Липјан, Урошевац, на друго место, туку само меѓу Србите“, рече Вучиќ.

Тој посочи дека премиерот Курти, тоа го направил поради самитот „Отворен Балкан“ што се одржа во Тирана.
„Ќе добијам повеќе информации кога ќе се вратам во Белград и ќе им пружиме правна помош на сите луѓе, Срби“,, рече Вучиќ, пренесе Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This