Вучиќ: Оставkaта на Заев не е само последица на резултатите од локалните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази уверување дека оставката на македонскиот премиер Зоран Заев не е само последица на резултатите од локалните избори во таа земја, туку и израз на лично разочарување во ЕУ.
Вучиќ рече дека во разговорот во Глазгов со лидерите од регионот разговарале и за тоа како да се зајакне иницијативата „Отворен Балкан“.
„Разговарав со луѓето од регионот, со Еди Рама и за „Отворениот Балкан“, дали по оставката на Заев ќе можеме да почекаме, да видиме што ќе правиме и како да го направиме… Разговаравме за како дополнително да се зајакне иницијативата. „Отворете го Балканот, да одиме напред“, рече Вучиќ.
Тој изрази уверување дека оставката на Заев не е само последица на резултатите од локалните избори, туку и поради неговото лично разочарување од разговорите со ЕУ, бидејќи им било ветено дека ќе отворат поглавје доколку го потпишат Договорот од Преспа, но не беше.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This