дома Балкан ВУЧИЌ РАЗГЛЕДУВАЛ И ВОЕНА ОПЦИЈА: Ако не може да се заштити народот...

ВУЧИЌ РАЗГЛЕДУВАЛ И ВОЕНА ОПЦИЈА: Ако не може да се заштити народот со разговор, испраќање на војска е одговорот

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска одговарајќи на новинарско прашање изјави дека ја разгледувал и опцијата да ја испрати армијата по повод последните настани на Косово.

„Моја уставна обрска е да го штитам интегритетот на Србија. Затоа ме избраа граѓаните. Не гледам што е толку спорно да разгледуваме. Не донесов одлука. Да донесов, ќе бевте запознаени. Тоа не може да се скрие. Но, дека разгледував таква опција – тоа е точно. Избрав трпеливост и зачувување на мирот. Секогаш таква опција ќе одберам доколку не е ситуација од која не може да се извлечете туку морате да барате употреба на армија“- изјави Вучиќ.

Тој вели дека негова обврска е секојпат кога постои кризна ситуација и кога народот е загрозен да ги разгледа сите опции.