Полицијата го запре српскиот претседател Александар Вучиќ кој е во Косово, откако излегоа демонстранти и направија застој и блокади со автомобилите.
Демонстрантите излегоа со запалени знамиња и транспаренти.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска е на Косово од каде упати моќна порака.
Тој го посети местото каде е убиен минатата година Оливер Ивановиќ, па порача дека никој нема да го заплашува неговиот народ.
– Некои сакаат со пушти, јас мојот народ нема да го повикам да го прави тоа но запаметете, никој не смее да се изживува така со нас, рече тој.