дома Балкан ВУЧИЌ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Косовските власти во понделеник ќе апасат српски полицајци во...

ВУЧИЌ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Косовските власти во понделеник ќе апасат српски полицајци во северно Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека, во обид да ја ослабат одбраната на северно Косово, властите во Приштина имаат намера в понеделник да апcaт српски полицајци.

Според информациите кои ги добил Вучиќ, властите во Приштина сакале да yaпcат 26 припадници на косовската полиција од северно Косово, како и 15 други лица, со цел тоа подрачје да остане незаштитено.

Тоа е нова намера, под изговор дека тие, наводно, учествувале во кopyпција и тоа ќе го прикажат како случај на борба против кopyпцијата, со цел северот на Косово и Косовска Митровица да останат незаштитени и тоа сакаат да го направат на највалкан начин, рече Вучиќ.

Тој рече дека за намерата на Приштина ги информирал меѓународните институции и оти лично направил неколку телефонски разговори.