дома Балкан Вучиќ: „Heмa дa пoтпишaм зaкoн зa иcтoпoлoви бpaкoви“

Вучиќ: „Heмa дa пoтпишaм зaкoн зa иcтoпoлoви бpaкoви“

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека нема да потпише закон за истополови бракови во Србија, коментирајќи дека тоа е спротивно на српскиот Устав. Тој рече дека својот личен став кон ова прашање го покажал со изборот на премиерката на Србија, но воедно порача дека, од друга страна, не е голем застапник на истополови бракови.

-Не знам што планира Собранието кога станува збор за законот за истополови заедници. Ама, како претседател на Србија, јас сум обврзан да го штитам Уставот и не можам да го потпишам тој закон – рече Вучиќ.

Тој посочи дека според членот 62 од Уставот на Србија, мажот и жената влегуваат во брачни односи по своја волја пред државните органи, така што со потпишување на закон за истополови бракови тој би го прекршил највисокиот правен акт на државата.