March 28, 2024, 11:29 am

Вучуќ сподели нови ужaCHи детали за злocтopcтвата на клaHoт на Беливук: Ги штител функциoHep во МВР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Подготвен сум за полиграф, за разлика од Дијана Хркаловиќ и Владимир Вулетиќ. Ќе ја „отсечеме главата“ на мафијата.Може да ме убијат, но нема да можат да променат ништо друго, рече Вучиќ

Синоќа, за време на гостувањето на ТВ Пинк, претседателот на Србија откри нови застрашувачки снимки и фотографии кои сведочат за монструозните злосторства на криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миjковиќ, а на една од фотографиите се гледа распарчено човечко тело.

Видеото покажува остатоци од човек, жртва на кланот кој бил исечен на парчиња, веројатно за да може полесно да се меле во мелница за месо во куќата на ужасите во Ритопек

Фотографијата беше прикажана, за да се види за какви чудовишта станува збор и дека не претерувавме кога зборувавме за ќебапи. Деловите подоцна ги ставиле во мелница за месо. Проблемот бил кај оние што имале коса, морало да им се отстрани скалпот, за да не се создаде проблем во машината – рече Вучиќ синоќа на ТВ Пинк.

Тие ги споделувале снимките едни со други и ги испраќале до конкурентските кланови и нивните шефови во Црна Гора. Нивен шеф е Радоје Звицер. Ова траеше шест месеци, а потоа државата започна жестока пресметка – рече претседателот и додаде дека има уште една личност помеѓу Звицер и Беливук, но и „капо“ над нив, но дека сега не сака да зборува за него.

Исто така, беше обелоденето записот за убиството на Властимир Милошевиќ, што се случи на трамвајските шини во Улица 27. март, во центарот на Белград, на 30 јануари 2017 година. Тој потсети дека Беливук и Миjковиќ биле уапсени за учество во убиството на Милошевиќ, но потоа магично биле ослободени, поради наводна ДНК контаминација.

Полицискиот службеник Дејан Јовиќ, храбар полицаец кој учествуваше во нивното апсење, после тоа помина пекол и мораше да биде „збришан“ од полицијата- рече Вучиќ и додаде дека обвинителот во тоа време си ја вршел својата работа како што треба и побарал телефонско вештачење на Беливук, но тој не го добил бидејќи, како што вели, Беливук бил заштитен од висок функционер во МУП (Министерствио за внатрешни работи).

Ексклузивна фотографија од маж, беше прикажана синоќа кого Миjковиќ и Беливук го примамиле во куќа во Ритопек, каде што потоа бил сурово мачен и убиен, а интересно е да се види како Марко Миjковиќ се гушка со жртвата на фотографијата. Како што објасни претседателот Вучиќ, жртвата била член на кланот Скаjaрап.

Морал да се однесува нормално и да ги навлече своите да дојдат и да го ликвидираат Беливук. Под контрола, преку Скајп испраќал пораки до (Александар) Шарц и (Лазар) Вукичевиќ. Тие ги натераа да дојдат, а потоа следувале најстрашните мачења и ликвидации – рече Вучиќ.

Тој рече дека на снимката биле побарани специјални методи на тортура за младиот човек и дека тој починал од ударот со лопата во главата

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This