April 23, 2024, 10:01 pm

„Вчера гледавме како понижени и омаловажени извлечени буквално беа носени граѓаните да гласаат“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција се осврна на вчера одржаните предвремени избори за градоналник на Штип.

„Она што се случуваше вчера, тоа претставуваше само една продаблочена верзија на оние мафијашки и талибански избори кои се одржуваа на 15 јули. Вчера гледавме како понижени и омаловажени извлечени буквално беа носени граѓаните да гласаат и да пополнуваат некаков замислен цензус на двоецот Заев – Николов. Имаше многу лица кои финансиски мотивираа луѓе, дел се и документирани“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на тоа дали ќе бидат поднесени пријави до обвинителството, објаснувајќи зошто нема да има пријави.

„На 15 јули МВР за двајца градоначалници документираше како вршат поткуп, па до ден денес, и поднесени 40 пријави, вклучително и овие за двајцата градоначалници нема ништо. Така што не очекувам дека такво нешто ќе се случи сега. Кога ќе дојдат подобри времиња и за македонското обвинителство и судство истите тие ќе бидат документирани. Вчера гледавме како не важат законите за владеачката елита и за оние би рекол луѓе кои на ним им служат. Меѓу нив можевме да видиме луѓе кои се познати престапници на законот те. осудувани во минатото за трговија со дрога, луѓе кои се занимавале со недозволиво би рекол разнесување на финансиски средства и за тоа барале екстремно високи камати или кај нас познати како лихвари, гледавме луѓе кои би рекол се со сомнителен изглед, а кои буквално денот го поминаа во Штип разнесувајќи сериозни количини на финансиски средства“, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети и на средствата кои пред изборите беа додели на општините Штип и Пласница, како во пресрет на изборите државни јавни претпријатија понудија стипендии за Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

„И сето тоа е добро доколку ја имаа поддршката од штипјани. Но, вчера беше јасно дека ниту Заев, а ниту докторот кој треба да ги лечи штипјани, а овој  случај беше извор на заразата за штипјани, ја имаат поддршката од страна на штипјани и тоа ќе се види веќе на следните локални избори кои ќе се случат за помалку од десет месеци од денешниот ден“, кажа Мицкоски.

Мицкоски оцени дека она кое вчера се случуваше во Штип е пораз за демократијата, пораз за вредностите.

„Заев функционира на два столба, првиот е поткуп и вториот е притисок, закани и уцени. Имаме бројни сведоштва каде што ќе ви цитирам „ќе га испудеме жената ти, ќе га испудеме ќерка ти од работа ако не излееш“ итн. Нормално дел се документирани како што кажав, дел не се. Или пак дури замислете и на вработени во Армијата им се заканувале со прекоманда само за да излезат да гласаат заислувајќи си некаков цензус за да покажат еве некаков си триумф“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека фактите за вчерашните избори се многу јасни.

„Фактот е еден, двојно помала е излезноста од последните локални избори од 68-69 проценти во 2017 година, сега е на сила направени 34 проценти, бројот на гласови кои ги освои толку фаворизираниот кандидат најдобриот кандидат кој СДСМ воопшто го има е за 3.500 помалку од најслабиот градоначалник што некогаш битисувал во Штип. Така што отприлика тоа е реалноста. И ако денот по утрото се познава ова ќе биде уште едно големо фијаско за СДСМ и нивните градоначалници како кадри во Штип“, кажа Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This